Словенечка Палома и словачки Eco Invest потпишаа договор за докапитализација од 18,2 милиони евра

49

paloma

Словенечкиот производител на хигиенски производи Палома и словачкиот холдинг Eco Invest потпишаа договор за докапитализација на компанијата во вредност од 18,2 милиони евра, пишува RTV Slovenia.

Претседателот на Управата на Палома, Тадеј Госак, изрази задоволство од потпишаниот договор, според кој словачкиот инвеститор ќе плати по 4,01 евра за акција.

Вкупното портфолио на Eco Invest изнесува повеќе од 800 милиони евра, додека капиталот на словенечкиот холдинг достигнува вредност од 1,5 милијарди евра.

Палома е фабрика за производство на хигиенска хартија, којашто постои повеќе од 140 години и во неа работат околу 700 луѓе.