Словенечка Studio Moderna купи мнозински удел во компанија за онлајн продажба на шминки

80

sandi cesko

Словенечката компанија специјализирана за е – трговија, Studio Moderna, го купи мнозинскиот удел во фирмата Konverzija, пишува Dnevnik.si.

Компанијата Konverzija е активна во седум европски земји, каде што овозможува онлајн продажба на шминки и козметички производи. Една од причините за стекнување на мнозинскиот удел во оваа компанија, според основачот на Studio Moderna, Санди Чешко, е да се приближи до купувачите од помладата генерација.

Чешко смета дека помладата популација е интересен сегмент од пазарот на којшто има големи можности. Традиционално, купувачите на Studio Moderna се луѓе постари од 40 години.