Словенечката компанија Fori отвора фабрика за производство на инвалидски помагала во Србија

91

znak

До крајот на оваа недела во Крагуевац, Србија, ќе почне со работа новата фабрика за производство на инвалидски помагала и колички Fori products ser, која ќе работи во рамки на Fory textile ser, дел од словенечката група Fori, која пред пет ипол години ја презеде некогашна Застава тапацирница.

Комплетното производство на инвалидски помагала и колички ќе биде наменето за извоз, а се очекува годишниот приход од испораките да изнесува околу 14 милиони евра, пишува Данас.

Групата Fori и нејзината Fory tekstile ser во Крагуевац произведуваат делови за ентериери за автомобили за најпознатите светски автомобилски компании, пластични позиции за Горење и други производи.