Словенечката влада планира да забрани службени автомобили да се користат за приватни потреби

58

car

Една од мерките за штедење што од следната година планира да ги воведе словеченчката влада е забрана за возење на службени автомобили за приватни потреби, пишуваат словенечките медиуми, пренесува Пословни дневник.

Според податоците на владата, најмногу автомобили кои се користат во службени и приватни цели имаат министерството за внатрешни работи и министерството за одбрана, околу 50 возила. Претпоставките се дека во државните служби и јавната управа за службени и приватни потреби се користат неколку стотини автомобили.

Според плановите на владата, службените автомобили приватно ќе можат да ги користат само министрите и нивните заменици, односно државните секретари. Не е познато колку ќе се заштеди со оваа мерка.