Словенија се откажа од кризниот данок

59

evraСловенечката влада одлучи се уште да не воведува кризен данок на платите, изјави премиерот Аленка Братушек, потврдувајќи дека владата ја прифатила програмата за финансиска стабилизација.

Владата одлучи наместо да воведе кризен данок, да ја зголеми стапката на ДДВ, ниската од 8,5% на 9,5%, а високата од 20% на 22%. Кризниот данок ќе остане како резерва ако до крајот на годината не се остварат целите за заштеда во јавниот сектор.

Со новите стапки на ДДВ и некои други такси, Словенија смета на дополнителен приход од 540 милиони евра во буџетот, додека 380 милиони евра заштеда би се оствариле врз основа на минатогодишниот интервентен закон кој важи и оваа година.

Словенечкиот јавно – финансиски дефицит на крајот на оваа година би изнесувал 7,8% од БДП, во што е вклучен и трошокот за докапитализација на банките во мнозинска сопственост на државата. Од нив, само на Нова љубљанска банка (НЛБ) ќе и требаат 900 милиони евра годинава, потврдија Братушек и министерот за финансии Урош Чуфер.

Идната година дефицитот на јавните финансии би се намалил на 3,3% БДП, а се смета и на приходите од приватизацијата на 10 до 15 компании во државна сопственост, меѓу кои се Нова кредитна банка Марибор (НКБМ), Петрол и Телеком Словенија.