Словенечки Elan добива нов сопственик

22

Фото: Facebook

Словенечкиот производител на спортска опрема, Elan е продаден на фондот KJK, пишува словенечки Дело.

Сопственикот на овој познат бренд, VR Capital од Лондон потпиша договор за продажба и пренос на 100% од акциите на KJK Fond, чие седиште е во Луксембург.

Трансакцијата би требало да биде завршена на средината на 2019 година, доколку добие дозвола од Комисијата за заштита на конкуренцијата во Словенија.

VR Capital е сопственик на групацијата Elan од 2015 година, по што почна со реструктуирање на компанијата и инвестираше неколку милиони евра во нејзин развој.

Освен со спортска опрема, Elan се занимава и со производство на скии, јахти и ветерници.