Словенечки GoCrypto влегува на пазарот на Тајланд

57

Платформата за платен промен, создадена од словенечката компанија Eligma, позната под името GoCrypto, ги доби своите први корисници од Тајланд.

Eligma, којашто Словенија ја претвори во светски лидер по бројот на физички локации што прифаќаат плаќање со крипто валути, сега е во меѓународна експанзија. Компанијата веќе е присутна во Африка, Јужна Америка и во неколку европски земји.

Меѓу продажните места на Тајланд што нудат плаќање преку GoCrypto е онлајн пералка и паб. Во пералната Washcoin Pro, корисниците може да ја платат услугата со помош на биткоин или токен преку апликацијата GoCrypto.

Во Словенија со оваа апликација може да се плаќа со крипто валути во кафулиња, ресторани, стоматолошки ординации, фризерски салони и хотели.

Фото: Freepik