Словенечки иноватор измисли посебен затворач за лименки

20

3

Словенечкиот иноватор Миха Мерлак на пазарот го претстави својот изум безбедносен затворач за лименки – Safe Cover. Затворачот всушност е пластичен додаток за лименката кој може да се носи во џеб, а со него се решава проблемот на нехигиена, поради кој многумина не сакаат да пијат пиво или сок директно од лименката. Затворачот воедно штити и од повреди од острите рабови на отворот.

На развојот со четиричлената екипа работел две години, а првиот прототип е направен пред една година. Во проектот се инвестирани 80.000 евра, а за глобален исчекор им требаат уште 500.000 евра, вели Мерлак за порталот startaj.si.

Досега се продадени околу 100.000 парчиња. Цената на затворачот во малопродажба е три евра, а капацитетот на производство е 25.000 дневно.

Иако досега Safe Cover главно беше ориентиран на словенечкиот пазар, каде може да се најде скоро во секоја продавница и бензинска пумпа, патентот е заштитен и во САД, Русија, Турција, Австралија, Јапонија и Бразил.

4

1

2