Словенечки Пеко под стечај

80

razno 30.08.11. peko, tovarna, obrat, foto: bobo

Судот во Крањ вчера покрена стечајна постапка за фабриката за чевли Пеко. Во соопштението што го објави словенечката Агенција за јавноправна евиденција и услуги се наведува дека доверителите во рок од три месеци треба да ги пријават побарувањата, пишува Дело.

Банките и сопствениците минатата недела го одбија планот за реструктуирање на компанијата. Во понеделникот надзорниот одбор утврди дека фирмата е инсолвентна, па управата поднесе предлог за започнување стечај.

Пеко е фирма со традиција стара 113 години.