Словенечки Ревоз ќе почне со производство на нов модел на Twingo

41

revozСловенечки Ревоз од Ново Место се подготвува на почетокот на мај да започне со производство на новиот модел на Renault Twingo, а за новата производна линија ќе вработи уште 270 луѓе.

Целата инвестиција за производство на новото Twingo изнесува 450 милиони евра, а државата за тоа издвои 22,5 милиони евра субвенции, пишува Финанце. При изработка на новиот модел, 30% од потребните делови ќе се изработуваат во Словенија.

Според компанијата Renault Nissan Словенија, новото Twingo ќе биде достапно во две моторни варијанти и со три пакети на опременост. Цената на новиот модел ќе биде позната во втората половина на годината.