Словенечкиот БДП во вториот квартал падна за 13%

47

Словенечкиот бруто домашен производ (БДП) во второто тримесечје падна за 13% на годишно ниво, а за 9,6% во однос на претходниот квартал, како резултат на коронакризата, објави словенечкиот завод за статистика.

“Повеќето компоненти на БДП се намалија во вториот квартал, додека падот на домашните трошоци имаше најголемо влијание врз падот на БДП“, соопшти Заводот за статистика.

Трошоците на домаќинствата паднаа за 16,6% на годишно ниво во споредба со падот од 5,8% во претходниот квартал, додека извозот беше помал за 24,5%. Инвестициите се намалија за 12,8% наспроти истиот квартал лани. БДП во првата половина на 2020 година е намален за 7,9% на годишно ниво.

Фото: Pixabay