Словенечкиот суд драстично ја намали казната на Агрокор од 53 на еден милион евра

100

Вишиот суд во Љубљана ја намали казната што словенечкиот регулатор за пазарна конкуренција (АВК) лани ја изрече на хрватската компанија Агрокор од 53,5 милиони евра на само еден милион, пренесуваат словенечките медиуми.

Со тоа се отвора можноста за деблокирање на запленетите акции на Агрокор во словенечкиот трговски ланец Меркатор, што овозможува нивно пренесување од хрватскиот концерн во новата група Фортенова, се наведува во образложението што го пренесе љубљанскиот весник Дневник.

АВК на крајот на минатата година, поради непријавена набавка на помала фабрика за флаширање Костела, од времето кога концернот го водеше Ивица Тодориќ, му изрече казна од 53,5 милиони евра на Агрокор и ги заплени неговите акции во Меркатор за да обезбеди исплата на глобата.

На одлуката на АВК за парична казна од 53,5 милиони евра Агрокор поднесе жалба до Вишиот суд, кој одлучи дека Агрокор е должен да плати “само“ еден милион евра , пишува Дневник.

Фото: Freepik