Словенечките банки со 1,07 милијарди евра загуба

24

evraСловенечките банки за 11 месеци минатата година забележале 1,07 милијарди евра загуба пред одбивање на данокот, според податоците што ги објави централната банка.

Тоа е многу повеќе од истиот период 2012 година, кога банките забележале 270,4 милиони евра загуба.

Отписите и резервациите на банките заклучно со ноември минатата година изнесувале 1,44 милијарди евра, што е за 42,2% повеќе отколку во истиот период 2012 година. Приходите од каматите изнесувале 1,42 милијарди евра и намалени се за 21,9% во однос на истиот период 2012 година.

Големите банки што се во државна сопственост, по барање на Европската комисија, почнаа со преземање мерки за реструктуирање. Најголемата банка во државата Нова љубљанска банка (НЛБ) во првата фаза веќе отпушти 228 вработени, а во рамките на втората фаза ќе отпушти 141 работници. Целта на НЛБ е до почетокот на 2015 година да го намали бројот на вработени за 20% во однос на крајот на 2012 година и со тоа да заштеди 28 милиони евра на плати.