Словенечките банки со загуба од 117 милиони евра во првите пет месеци

34

Banka SlovenijeСловенечката централна банка ги објави податоците за активностите на банките во првите пет месеци од оваа година. Според нив, вкупната загуба пред оданочување изнесува 117 милиони евра. Словенечкиот банкарски систем во април искажа загуба пред оданочување во износ од 41,5 милиони евра. Големата загуба во првите пет месеци е резултат на падот на нето приходот од камати од 21%, како и на високите трошоци за резервации.

Вкупната актива на банкарскиот систем е зголемена за 380 милиони евра, главно поради зголемување на депозитите од издавањето на доларските обврзници. Во мај продолжи падот на депозитите на домаќинствата, кои се намалени за 81 милиони евра, што е значително помалку во однос на намалувањето од 273 милиони евра во април.