Словенечките пиварници имаат 100.000 литри пиво со поминат рок на пазарот

86

Поради пандемијата од коронавирусот, словенечките пиварници имаат најмалку 100.000 литри пиво со поминат рок на пазарот. Ова го објави Здружението на словенечки пивари и ја повика владата за итна помош.

Станува збор за пиво во буриња кое било наменето за угостителскиот сектор. Пиварите предлагаат ослободување од акцизите и надомест за уништување на оваа стока, пренесува SEEbiz.

Како што истакнаа од Здружението, пиварството е една од најзагрозените индустрии во земјата, а сегашната државна помош не е доволна за опстанок, особено на помалите пиварници.

Тие предлагаат укинување на акцизите за алкохолот во 2021 година, како и отплата на заостанатите побарувања од угостителскиот сектор, надомест за производите на кои им истекол рокот бидејќи секторот за угостителство и туризам е затворен и надомест за фиксни оперативни трошоци.

Фото:Pixabay