Словенечките стартапи лани собрале преку 60 милиони долари капитал

20

slovenija

Фондот за ризичен капитал Silicon Gardens направи анализа на словенечкиот старт – ап екосистем, која покажа дека минатата година 41 старт – ап бизнис со словенечки основачи собрале преку 60 милиони долари капитал. Тоа е повеќе од сите претходни години заедно, пишува Дело.

Најмногу, по 14 милиони долари успеале да обезбедат Layer и Lyst, Bitstamp доби десет милиони долари, BellaBeat 7,5 милиони долари, TVBeat два милиониа, а CubeSensors еден милион.

Во различни акцелератори минатата година се примени уште 17 фирми.

Според Боштјан Шпетич, бизнис ангел во фондот за ризичен капитал Silicon Gardens и еден од коавторите на анализата, бројот на стартапи кои успеваат да соберат некаков капитал секоја година се удвојува. Најголемиот износ, односно 93% од капиталот доаѓа од инвеститори во ризичен капитал, 4% од приветни инвеститори, 3% од акцелератори, а 1% од државата.

Словенечките стартапи главно се фокусирани на здравствени услуги, медиуми и мобилни апликации. Староста на претприемачите во стартапите е меѓу 25 и 35 години.