Словенечко маслиново масло избрано за најдобро на северната хемисфера

70

Словенечко маслиново масло што се произведува во градот Копер е добитник на престижната награда Olio Nuovo за најдобро маслиново масло на северната хемисфера за 2021 година, соопштија организаторите на натпреварот.

Наградата, како што пренесуваат словенечките медиуми, е врачена минатата недела.

Признанието се однесува на квалитет и бренд, а словенечкото маслиново масло е оценето како “прекрасно, сложено масло, урамнотежено со огнен удар на крајот“.

Со стручното жири, што било составено од експерти за маслиново масло и познати готвaчи, претседаваше Ерик Брифар, шеф на париската школа за готвење, Le Cordon Bleu.

Награденото масло се произведува од 1984-та година, а сопственикот има околу 1.200 стебла маслинки и произведува околу 3.300 литри маслиново масло на годишно ниво.

Фото: Pexels