Словенија до 2033 година ќе престане со производство на електрична енергија од јаглен

110

Словенија ќе престане да произведува електрична енергија од јаглен најдоцна до 2033 година, соопшти словенечката влада. Ова не е невозможен потфат, бидејќи земјата веќе добива две третини од електричната енергија од хидроцентралата и нуклеарната централа „Кршко“.

Неодамна усвоената словенечка „национална стратегија за напуштање на јагленот“ меѓу другото предвидува „преструктуирање“ на две области во кои сè уште има активни рудници за јаглен како значајна економска активност.

Стратегијата предвидува до 2033 година јагленот повеќе да не се користи за производство на електрична енергија, а неговото усвојување значи дека споменатите региони можат да користат непречен пристап до Фондот за правична енергетска трансформација во чии рамки Словенија ќе добие речиси 250 милиони евра европски средства.

Од термоелектраната Шоштањ, која користи јаглен за производство на електрична енергија, Словенија обезбедува една третина од своето производство на електрична енергија, а другите две третини најмногу ги обезбедуваат хидроцентралите и нуклеарната централа Кршко.