Словенија достапна на Google Street View

13

street_view_ljubljanaСловенија од вчера се наоѓа на листата на 55 земји чии градови и места можат виртуелно да се прошетаат преку апликацијата Street View.

“Во Словенија поминавме меѓу пет и десет илјади километри со пет до десет возила и веруваме дека добро ја опфативме со снимки”, рече шефот на програмата на Google Street View, Улф Шпитцер.

Словенечката комисија за заштита на приватноста на информации пред три години го одби барањето на Google за снимање во Словенија, но лани го одобри повтореното барање. Снимањето започна во јуни во Љубљана, а потоа и во други градови и траеше три месеци. Екипите на Google Street View снимаа со специјализирани возила и велосипеди.