Тим од Словенија разви уред за дезинфекција на банкноти со помош на ултравиолетова светлина. Уредот, како што пренесува Total Slovenia News, го носи името Cash Cleaner и е прв од ваков вид во светот бидејќи дезинфицира и до 100 банкноти за една минута.
“Нашите животи полека се враќаат во нормала, но и по пандемијата мора да бидеме внимателни“, вели Жан Брезец, кој е дел од тимот. Според него, некои земји како што се Кина, Јужна Кореја, Унгарија и САД веќе преземаат мерки за дезинфекција на банкнотите.
Cash Cleaner беше развиен додека трае карантинот.
“Развој на уредот за време на карантин беше предизвик. Моравме да ја промениме конструкција и дизајнот на неколку функционални делови неколку пати за да може да се прилагодиме кон локалниот процес на производство“, додава Брезец.
Неколку словенечки банки биле заинтересирани за овој уред и би сакале да се вклучат во негово тестирање.
Нивниот капацитет е производство на 100 вакви уреди за дезинфекција на банкноти месечно.
Фото: Pixabay