Словенија ќе гради втор блок на нуклеарката Кршко?

71

krskoСловенија планира изградба на втор блок на нуклеарката Кршко, јавува словенечката телевизија, пренесува Танјуг. Референдумот за изградба на новиот блок треба да се одржи пред завршувањето на редовниот мандат на актуелната влада, односно до 2015 година.

Вториот блок би чинел меѓу 3,5 и 4 милијарди евра, а доколку дојде до негова изградба, ќе биде во сопственост на Ген-енергија, компанија која управува со словенечкиот дел на нуклеарната централа.

Референдумот ќе се одржи затоа што под знак прашалник е финансирањето на овој проект, а против него се невладините здруженија.

Изградбата е предвидена со планот за развој на Словенија до 2023 година.