Словенија ќе издаде 10-годишни обврзници во вредност од 1,5 милијарди евра

22

Фото: Pixabay

Словенија планира да издаде 10-годишни обврзници од коишто е планирано да се соберат 1,5 милијарди евра, пишува Дело.

Обврзниците, чиј рок на достасување е 14-ти март 2029 година, ќе покријат поголем дел од потребите за рефинансирање на стари долгови на Словенија што достасуваат оваа година.

Оваа година Словенија треба да рефинансира 2,97 милијарди евра финансиски обврски, а со планот за оваа година треба да се презема 341 милион евра нови, од кои поголемиот дел отпаѓа на финансирање на изградбата на нова пруга и формирање туристички концерн во којшто мнозински сопственик ќе биде државата.