Словенија мора да врати 286.000 евра во европскиот буџет

54

eurosСловенија во европскиот буџет мора да врати 286.000 евра неправилно искористени средства за земјоделие, објави Европската комисија.

Според ревизорскиот извештај за 2011 година, Словенија на подрачјето на регионален развој и структурна политика има проблеми и недоволно ефикасно ги користи средствата, изјави словенечкиот член на европското ревизорско тело, Милан Цвикл.

При трансакции доаѓало до грешки, забележани се многу проблеми со почитувањето на правилата за јавни набавки, а за финансирање на истражувачките проекти нема вистинска контрола, ниту побараните средства секогаш можат да се оправдаат, вели Цвикл.

Ревизијата на буџетот за 2011 година покажала дека 3,9% од средствата на ниво на цела ЕУ биле неправилно исплатени, односно не смееле да бидат исплатени, а станува збор за околу пет милијарди евра.