Словенија на крајот на годината воведува електронски вињети

16

Словачката компанија Skytoll е одбрана на јавниот тендер за воведување електронски вињети за користење на автопатиштата во Словенија. Новиот систем од први декември оваа година ќе ги промени налепниците на ветробранските стакла на возилата.

Словенечката државна компанија што управува со словенечките автопатишта објави дека понудата на Skytoll од 15,7 милиони евра е одбарана како единствена прифатлива.

На тендерот за воведување електронски вињети, освен Skytoll, којшто сличен систем на наплата на патарини објави во 2010 година во Словачка, се пријавиле и неколку компании од Словенија и Австрија.

Воведувањето на електронски вињети во Словенија е закажано за први декември оваа година.

Купувањето на електронски вињети ќе биде возможна преку мобилна апликација, преку интернет или на постоечки продажни места, како што се бензинските пумпи.

Фото: Freepik