Словенија повторно ги ограничи цените на горивата

50

Словенечката влада повторно воведе привремено регулирање на цените на моторните горива, откако тие беа двојно зголемени за помалку од две недели.

Како што соопшти словенечкото Министерство за економија, Владата на седницата донела одлука според која привремено се замрзнува највисоката малопродажна цена на бензинот од 95 октани на 1,56 евра за литар, а на големопродажната цена на истиот 1,54 евра, пренесува Хина.

За литар дизел малопродажна цена е 1.668 евра, а на големо 1.648 евра.

Владата одлучи да ги регулира цените на најпродаваните горива поради оправданите очекувања за нови пореметувања на нафтениот пазар и големите ценовни флуктуации во врска со најавата за ембаргото на ЕУ за увоз на нафта од Русија, објави словенечкото министерство.