Словенечката криминалистичка полиција утрово започна претрес на домот на претседателот на управата на Нова љубљанска банка (НЛБ) и поранешен член на одборот на Уникредит, Јанко Медја. Наводно, истрагата е фокусирана околу постапката за продажба на Меркатор, пишува Финанце.
Според љубљански Дневник, на мета на истрагата е и Франце Архар, претседател на Надзорниот одбор на НЛБ, кој е некогашен шеф на Уникредит и поранешен гувернер на словенечката централна банка.
Предмет на постапката е истрага на инсајдерски информации кои влијаеле врз цената на акциите, а со кои располагале одговорни лица во банкарските институции и ги злоупотребиле за купување на хартии од вредност, пишува љубљански Дневник.
“Можам да потврдам дека се спроведува предистражна постапка во чии рамки се преиспитува делото стопански криминал и корупција. Повеќе информации ќе бидат познати подоцна”, изјави за Финанце претставник на полицијата за медиумите, Драго Менегалија.
За злоупотреба на инсајдерска информација предвидена е затворска казна до пет години, пишува Дневник.