Словенија приватизира 15 државни компании

12

_59984413_slovenia_ljubljana_bbcНајновото европско издание на весникот Волстрит журнал пишува дека Словенија, која минува низ финансиска и банкарска криза понуди за продажба 15 државни компании и банки.

Меѓу компаниите за продажба се наоѓаат производителот на ски опрема и бродови Elan d.o.o. и главниот телекомуникациски оператор Telekom Slovenije.

“ Стравувајќи дека националиот финансиски систем може да остане без ликвидни средства поради тешката состојба на банките, словенечката Влада се обидува да пронајде решение преку продажба на државна сопственост. Меѓу компаниите, понудени за продажба се најголемиот национален авиопревозник, телекомуникациската корпорација, хемиски компании”, произведувач на спортска опрема, нагласува весникот.

Во весникот се вели дека според проценката на независни експерти програмата за приватизација се очекува да му донесе на словенскиот буџет од 500 до 750 милиони евра.