Словенија со милијарда евра ќе ги намалува економските последици од корона вирусот

71

Словенечките власти подготвуваат пакет со мерки во вредност од милијарда евра, со цел да ги намалат штетните последици од корона вирусот врз економијата, пренесува STA.

Како што се наведува, се планираат краткорочни и долгорочни мерки како што се одложување на даноци, државни гаранции и кредитни линии, изјави тамошниот министер за економија, Здравко Почивалшек.

Мерките во рамки на пакетот имаат за цел да обезбедат ликвидност, да ги зачуваат работните места, да ги намалат загубите и да не се дозволи влошување на состојбата на компаниите. Од вкупниот износ, околу 600 милиони евра ќе се извлечат од веќе постоечки финансиски механизми, а тамошната извозна и развојна банка ќе обезбеди дополнителни 200 милиони евра.

Словенечкиот фонд за претприемништво ќе имаат на располагање 115 милиони евра за мали и средни компании, додека тамошниот фонд за регионален развој ќе понуди шема според којашто компаниите ќе можат да ги префрлаат долговите.

Фото: Pexels