Словенија во дефлација од 1,1% годинава

25

Словенија ја завршува 2020 година во дефлација со годишна стапка на пад на потрошувачките цени од 1,1%, најмногу поради падот на цената на нафтените деривати, пренесуваат тамошните медиуми.

Потрошувачките цени во декември се намалија за 0,3% во однос на претходниот месец. Според статистичките податоци, цените на производите во Словенија оваа година во просек се намалија за 1,7%, додека цените на услугите пораснаа за 0,2%.

Пониските цени на нафтените деривати придонесоа за годишна дефлација. Цените на горивата и мазивата се намалија за 18,8%, а течните горива за 14,6%.

Падот на цените на туристичките аранжмани е за 9,8%, на облека и обувки 5,4%, што имаше дополнително негативно влијание врз инфлацијата за 0,4 процентни поени.

Од друга страна, цените на здравствените производи и услуги се зголемија за 4,9%, при што нивниот позитивен ефект на инфлацијата беше 0,3 процентни поени.

Според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени на Европската унија, Словенија во 2020 година имаше годишна стапка на дефлација од 1,2% и месечна од 0,1%.

Фото: Freepik