Магазинот Forbes објави листа на млади претприемачи и иноватори под 30 години во Европа. Меѓу нив, прва се најде Уршка Сршен, уметница од Словенија и коосновач на старт – ап компанијата Bellabeat.
“Овие иноватори и претприемачи дигиталниот свет го преточуваат во реалност, преку начинот на којшто работиме, плаќаме и играме“, пишува Forbes во рамки на оваа листа на која се имињата на 30 млади претприемачи и иноватори од Европа кои имаат под 30 години, но се успешни во тоа што го работат.
Сршен заедно со математичарот Сандро Мур го создаде стартапот Bellabeat, којшто е заслужен за првиот масовно популарен уред за жени Leaf и системот Bellabeat, којшто ја следи бременоста на жените.
По Сршен следи 23-годишниот Хавиер Агуера Ренес, кој е сопственик на стартапот Silence Circle, па неговиот врсник Дмитри Аксенов, кој стои зад DigitalGenius.