Фото: Pixabay
Романската електронска платформа за наплата, Smart Bill инвестираше еден милиони евра за развој на нова сметководствена апликација што овозможува комуникација во реално време меѓу сопственици на бизнис и сметководители, пишува Business review.
“Претприемачот може да издаде сметка директно од неговиот мобилен телефон, а фактурата во реално време пристигнува до клиентот и одделот задолжен за сметководство“, вели Раду Хасан, соосновач и главен извршен директор на Smart Bill.
Апликацијата е наменета за претприемачи, сопственици на мали и средни претпријатија и сметководители, а ќе овозможи автоматизирано пренесување на потребните податоци меѓу клиентите и сметководителите.