“Смарт” комуникација за успешен бизнис!

20

????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Во ерата на глобален развој, комуникацијата е повеќе од неопходна. Интернетот и мобилниот телефон станаа нужни алатки во секојдневието. Но, можете ли да замислите како ќе ви помине еден ден без мобилен телефон и без интернет? Дали е можно тоа и колку ќе ве чини? Или, пак, замислете си дека немате интернет додека сте на службено патување, притоа оставајќи ги работите да чекаат на вас, додека да се вратите. Можеби, за момент ќе ви биде полесно, но денес таквиот „луксуз“ можете да си го дозволите единствено доколку сте на годишен одмор… па ниту тогаш.

Експедитивноста и ефикасноста во деловната комуникација отсекогаш биле основа за успешно и профитабилно работење. Времето е скап ресурс. Секоја негова заштеда ја подобрува ефикасноста во работењето и отвора нови врати за успех.

Денес, сè е концентрирано во тој мал уред наречен мобилен телефон или таблет. Целата работа можете да ја завршите надвор од канцеларија бидејќи постојано сте поврзани на интернет, каде и да се наоѓате. Можете да праќате е-пошта, да давате насоки и да се координирате со вашите колеги или клиенти дури и кога сте во движење. Секаде можете да одите без актовка, без хартиени документи или без УСБ. Неопходен е интернетот, преку кој можете да се приклучите на вашиот виртуелен диск или далечен сервер и да ги отворите и да ги споделите сите потребни материјали, додека тие се чуваат заштитени и безбедни.

Оттука, за непречена и брза комуникација, денес ви се потребни паметни мобилни уреди или таблети, „cloud“ услуги, супер брз 4G-интернет, како и доволен простор за пренос на податоци со цел да можете да фатите чекор со развојот на пазарот. А тој неуморно се развива, особено во насока на понудата на нови паметни решенија за вашиот бизнис.

Доколку сето тоа го искомбинирате во еден заеднички пакет, се разбира, со тоа си овозможувате и дополнителни предности и поволности. На пример, на вашата компанија ѝ се потребни веб-страница и домен, е-адреси и факс услуги, а денес, и тоа можете да го добиете бесплатно како дел од интернет и „cloud“ услугите. Сите ваши потреби можете да ги обезбедите од едно место и преку една сметка, и на тој начин да си го олесните работењето и да бидете успешни.

Затоа, Magenta 1 бизнис-понудата од Македонски Телеком овозможува голем број придобивки што може да се стекнат со интегрирање на мобилните, фиксни и интернет-услугите.

Новата понуда Magenta 1 Business денес им овозможува на компаниите флексибилност во изборот на услугите, подобра комуникација и одлични можности за поефикасно работење. Сите корисници што првпат ќе склучат договор Magenta 1 Business на 2 години, промотивно добиваат: двојно повеќе мобилен интернет, бесплатна картичка за интернет за втор уред (лаптоп или таблет) за споделување на мобилниот интернет вклучен во тарифата, простор за чување податоци на виртуелен диск до 150 GB, како и можност за избор на пакет од два уреди („Huawei“ или „Samsung“) по одлична цена.

Дополнително, корисниците што ќе изберат пакет Magenta 1 Business во промотивниот период добиваат и 20 отсто попуст на месечната претплата, а може да ја одберат и најдобрата интерактивна телевизија MaxTV по поволна цена.

Денес, паметните решенија и комуникациски услуги даваат далеку поголеми можности од порано. Затоа, изберете ја најдобрата бизнис-понуда што е креирана токму според вашите потреби.

Повеќе информации за Magenta 1 Business можете да добиете на telekom.mk во делот за деловни корисници, на бројот 120 или во најблиската продавница на Телеком.