Smart park – систем за автоматско наводнување на јавните зелени површини

239

smart park

Хрватските студенти Роберт Калачиќ, Хрвоје Лакиќ, Петар Матушко и Дубравко Јаковљевиќ од стартапот Universal Industries го осмислија и развија системот Smart park, пишува Пословни дневник.

Станува збор за систем чија идеја се темели на автоматска регулација на наводнувањето на јавните зелени површини. Она по што е карактеристичен овој систем е тоа што користи сензори што ја мерат влагата во почвата и го вклучуваат наводнувањето по потреба, доколку влагата е помала од потребната.

Основна предност на Smart park е во тоа што наводнувањето е целосно модернизирани и автоматизирано. Се предвидува дека со овој систем ќе се направат заштеди на вода за околу 50%.

Системот е вграден во нов парк, а освен прскалките поставени се и соларни клупи на коишто може да се полнат помали електрични уреди како што се мобилни телефони или таблети. Освен основната функција, во клупите се вградени и различни сензори што ќе го мерат UV индексот, интензитетот на светлината, загадувањето, звукот, притисокот, температурата и влагата на воздухот, а произведената и потрошена електрична енергија ќе се следи преку посебна мобилна апликација.