Smart Vision EQ ForTwo – автомобил на иднината

83

05-mercedes-benz-design-concept-car-smart-vision-eq-fortwo-iaa-2017-3400x1440

Фото: Mercedes Benz

Германскиот производител на автомобили Mercedes Benz го престави својот најнов изум Smart Vision EQ ForTwo, пишува Auto Express. Новиот концепт – автомобил е целосно електричен и автономен. Големината е идентична како и обичниот Smart ForTwo (2,69 метри), но за разлика од него, EQ доаѓа со напредна технологија и карактеристики што се очекува да се појави на пазарот во 2025 година.

Автомобилот нема педали и волан, односно сам се управува. Тој е целосно опремен со технологија што овозможува да комуницира со патниците внатре, но и со пешаците и возачите надвор. Контролната табла е заменета со 24-инчен екран, каде се прикажува сè, од навигација, до видеа и слики.

Седиштата се споени и имаат монтирани потпирачи, а обложени се со вештачка бела кожа. EQ ForTwo е опремен со 44-инчен екран поставен на предниот надворешен дел каде се емитува порака за пешаците и возачите, како на пример, “преминете го патот”. Ако во автомобилот нема никој на вратите се прикажуваат вести и информација за времето.

Автомобилот ќе биде наменет за повеќе корисници, односно нема да има еден сопственик што ќе го поседува. EQ ForTwo ќе знае кога ќе се одржуваат поголеми настани во градот и ќе биде на одредената локација во одредено време, подготвен да биде повикан преку апликација од страна на корисникот.

Кога нема да сообраќа, самостојно ќе се довози до најблиската станица за да ја наполни својата батерија со моќност од 30kWh. Според Mercedes, бројот на луѓе кои ќе користат ваков тип на автомобил до 2025 година ќе порасне на 36,7 милиони.

06-mercedes-benz-design-concept-car-smart-vision-eq-fortwo-iaa-2017-2560x1440-1280x720

08-mercedes-benz-design-concept-car-smart-vision-eq-fortwo-iaa-2017-2560x1440-1280x720