SmartHalo – додаток што секој велосипед го прави “паметен“

17

smarthalo 1

SmartHalo е нов член во “семејството“ паметни уреди коишто постојано се појавуваат, а имаа за цел да го олеснат секојдневниот живот.

Овој уред многу лесно се поставува на било каков велосипед и е невозможно да се украде, а енергијата ја црпи од батерија што трае околу три недело, со нормално градско возење.

smart halo

За да може SmartHalo да функционира има посебна апликација, со чија помош може да извршува повеќе функции одеднаш.

Апликацијата, меѓу другото, собира податоци и автоматски го пресметува времето, оддалеченоста, просечната брзина, согорените калории и автоматски го вклучува светлото штом се стемни.

smart halo 1

Уредот му ја покажува насоката на корисникот и го потсетува доколку заборавил каде го паркирал својот миленик на две тркала.

Сензорот за движење детектира и алармира доколку некој се обиде да го украде велосипедот.

Зад дизајнот на SmartHalo стои Cyclelabs, којшто постави кампања на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter. Досега се собрани 411.900 канадски долари од 2.552 инвеститори, иако првично биле побарани 67.000 долари.