Смртта на биткоин милијардер може да го разниша крипто пазарот

467

Смртта на еден од најголемите светски сопственици на биткоин, Мирчеа Попеску, доведе до одредена несигурност на крипто пазарот поради големото богатство во криптовалутите што го имаше.

Четириесетгодишниот романски претприемач и блогер се удавил во Костарика.

Неговото богатство се проценуваше на скоро две милијарди долари во биткоини во средината на април годинава.

Веста за смртта на Попеску предизвика шпекулации за тоа што ќе се случи со неговото огромно богатство.

Со оглед на тоа што тој поседуваше голема количина на биткоини чие рударење е многу тежок и скап процес, неговата ненадејна смрт може да влијае на вредноста на оваа криптовалута.

Фото: Facebook