СМС банка: Нова дигитална услуга на Охридска банка

17

SONY DSC

Охридска банка го збогатува портфолиото на дигитални услуги со воведување на услугата СМС известувања.

Како дополнување на услугата електронско банкарство, Охридска банка ја лансира услугата СМС известувања, осигурувајќи на тој начин присуство во сите модерни комуникациски канали.

СМС известувањата ќе им понудат на клиентите можност за следење на сите трансакции на нивната трансакциска сметка и платежни картички преку нивниот мобилен телефон, каде и да се наоѓаат, 24 часа, 7 дена во неделата. Употребата на оваа услуга ќе им овозможи на клиентите увид во состојбата на нивната сметка во реално време.

Новата услуга од Охридска банка на клиентите им носи повеќе предности, како и слобода во изборот на типот на СМС пораки што сакаат да ги примаат. Најважно е тоа што користењето на оваа услуга ќе ги заштити од повеќекратно реализирање на истата трансакција и злоупотреба на нивната платежна картичка.

Услугата СМС известувања може да ја користат клиентите што имаат транксациска сметка во Охридска банка и активен мобилен телефонски број од некој од мобилните оператори овластени на територијата на Македонија.