Со 250 денари студентите ќе основаат фирма

61

Владата одлучи да ги намали цените за основање фирми од студенти. Сите студенти на редовни и вонредни студии кои сакаат да отворат фирма во Централниот регистар преку електронски пат, наместо досегашните 1.190 денари ќе треба да платат надомест од само 250 денари.

Владата, како што информира, ја намали и цената за основање на фирма од студенти и по пат на хартиен поднесок и наместо досегашните 2.424 денари, надоместокот сега ќе изнесува 1.199 денари или за половина помалку.