Со акциите на Tesla ќе се тргува на крипто берза

41

Крипто берзата Binance најави почеток на “тргување со дигитални токени“, што се поддршка на акционерскиот капитал, а првиот акционерски токен ќе му биде понуден на Tesla, којшто е најголем производител на електрични автомобили според пазарна капитализација.

Според соопштението на оваа берза, чие седиште е на Малта, “сите токен акции на Binance ќе бидат една акција во акционерскиот капитал, што се депонирани во портфолиот на основните хартии од вредност, во соработка со инвестиционата компанија CM Eqity и платформата за токенизација на актива Digital Assets, пренесува Russia Today.

Најмалиот акционерски токен на Tesla на Binance ќе биде стоти дел од цел жетон и ќе претставува толкав удел во капиталот на компанијата.

“Акционерските токени ќе покажат како можеме непречено да го демократизираме трансферот на вредноста, да ги намалиме бариерите и трошоците за пристап без да се загрози безбедноста. Преку поврзување на традиционалните и крипто пазарите, градиме уште еден технолошки мост за сеопфатна финансиска иднина“, вели Чанпенг Жао, извршен директор на Binance.

Binance има раст на бројот на корисници од 346% во текот на првиот квартал од оваа година и раст на вкупниот обем на тргување од 260%.

Фото: Pexels