Со апликација ќе се мери нивото на бучава во објектите

74

vreva

Архитектите и проектантите наскоро ќе може да користат посебна апликација за пресметување на нивото на бучава во затворен простор, што ќе им помогне на најдобар начин да ја проектираат звучната изолација во објектите, пишува порталот Bizlife.

Апликацијата, што е дел од софтверот на компанијата Knauf, е креирана за потребите на професионалци, архитекти и градежници, со цел да го идентификуваат типот на бучава и на основа на тоа да ја изберат соодветната изолација.

Нивото на бучава се изразува во децибели и се движи од нула, што е минимална силина што сетилото за слух може да ја регистрира, до 140 децибели кога се појавува болка.

Статистичките податоци велат дека бучавата им пречи на повеќе од 50% од европското население, а околу 16% живеат во “црни акустички дупки“.