SO – BOX: Полнач за мобилни уреди во форма на држач за мени

46

so box

Емил Живковиќ и Домагој Кракан се млади претприемачи кои го создадоа хрватскиот старт – ап SO – BOX, иновативен полнач што може да се користи во угостителските објекти, пишува Пословни дневник.

“So – BOX е првиот европски полнач за угостителство со широка примена. Станува збор за кутија којашто функционира како држач за мени и во исто време овозможува полнење на сите видови на мобилни телефони и таблети. Во оваа иновација гледаме голем потенцијал. Само во Хрватска има повеќе од 20.000 угостителски објекти, а нашиот производ одлично може да се вклопи во секој објект од таков вид. Освен тоа, производот е корисен и потребен, не зазема многу место, не може да се украде, а посебно водиме сметка и за најситните детали за да биде совршено вклопен во концептот на кафетеријата“, велат Емил и Домагој, кои се подготвуваат за првите испораки на иновативните полначи.

Во овој момент преговараат со неколку големи компании во Хрватска, како и со фирми во Босна и Херцеговина и Словенија.