Со глобалната ИТ компанија Oracle за враќање на мобилноста на граѓаните

128

Премиерот, Зоран Заев на маргините на Економскиот Форум Делфи во Атина, оствари средба со поранешниот британски премиер Тони Блер. Особен фокус во разговорот беше ставен на справувањето со глобалните предизвици кои ги наметна Ковид-19 пандемијата.

Заев и Блер се согласија дека вакцинацијата е едно од најдобрите глобални решенија на денешницата и дека нормализација во живеењето на граѓаните низ целиот свет е можна само преку масовна вакцинација.

Во тој контекст Заев и Блер разговараа за можностите за соработки и инвестиции со глобалната ИТ компанија Oracle во делот на менаџирање со податоци при справувањето со Ковид-19, односно за ставањето во функција дигитални дата бази за регистрирање и верификација на граѓаните кои се вакцинирани со цел нивна побрза мобилност низ целиот свет.

Заев и Блер изразија задоволство од одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство и изразија надеж дека во иднина пријателството ќе се продлабочи.