Со ѓумбир против мигрена

68

gjumbir

Фото: Pexels

Ѓумбирот веќе 5.000 години се користи како лек и како зачин. Познат е по неговите способности да ја намали мачнината, повраќањето и останатите проблеми поврзани со варење на храната. Но, тоа не е сè, овој помалку лут зачин е корисен и за ред други непријатности и болести.

Ја лечи мигрената

Една третина кафено лажиче ѓумбир (свеж или во прав) значително ги намалува симптомите на мигрена и помага на природен начин да се ослободите од неа.

Артритични болки

Според истражувањата, ѓумбирот ги ублажувава симптомите кај 55% од лицата со остеоартритис, а процентот кај оние со реуматоиден артритис е уште поголем – 74%. Постојано ставање на издробен корен од ѓумбир на кожата може значително да ја намали болката.

Проблеми при настинка

Ѓумбирот може да го блокира производството на супстанции кои придонесуваат за стеснувањето на бронхиите во организмот при настинка и грип, а помага и за намалување на кашлицата.

Го намалува холестеролот

Истражувањата велат дека ѓумбирот ја намалува апсорпцијата на холестеролот во организмот и го поттикнува неговото излачување.