Со хеликоптери ги предупредуваат туристите на мерките против коронавирусот

34

Шпанија е една од земјите во Европа коишто беа сериозно погодени од пандемијата на коронавирусот, а во исто време кубури со туристи и бележи намалени приходи од оваа дејност.

Властите користат најразлични начини да го запрат ширењето на вирусот на различни начини, со цел да се намали бројот на заразени и смртни случаи.

На социјалните мрежи се појави видео снимка на којашто е забележан хеликоптер што надлетува плажа во Мајорка и преку разглас ги предупредува туристите да ги почитуваат мерките за заштита.

Овој потег привлече лавина од реакции, некои позитивни, но некои негативни. Сепак, треба да се има предвид дека во Шпанија досега се регистрирани над пола милион заразени и скоро 30.000 смртни случаи од коронавирусот.

Фото: Freepik