Со хидроавиони ќе ги поврзуваат островите со копното

121

Авиокомпанијата Grecian Air Seaplanes најави дека од септември ќе воведе летови со хидроавиони за да може подобро да ги поврзе островите со копното, користејќи ја приликата што ја отвори издавањето на првите дозволи на пристаништата за таков вид на превоз.

Во почетната фаза, флотата ќе опфати три хидроавиони со 19 седишта што ќе летаат од пристаништата на Јонското море, а со тек на време се очекува нивниот број постепено да се зголемува.

Хидроавионите може да функционираат како дополна на другите превозни средства, вклучувајќи траекти и стандарди авиони, а може да послужат и за чартер летови, медицински превоз и услуги за превоз на товар, истакнува Ројтерс.

Грција има крајбрежје долго 1.600 километри што е идеално за услуги што ги нудат хидроавионите. Превозниците би можеле да го подобрат пристапот до многу туристички места и слабо поврзаните острови, што би го зајакнало туризмот.

Фото: Pixabay