Со интервентен увоз ќе пристигнат првите вакцини во земјава

43

Првите вакцини од Pfizer и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

“Нема пречка за увозот на вакцините од Србија. Првите вакцини од Pfizer и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз. Планот за вакцинација е подготвен. Спремни сме со нашата инфраструктура, фрижидерите веќе се инсталирани и може да се складира огромна количина на вакцини. Во моментот кога ќе пристигнат вакцините имаме план по којшто ќе постапуваме, здравствените работници се први“, напиша министерот на Facebook.