Со измените на законот за игри на среќа државата ќе загуби повеќе од 250 милиони евра

36

Асоцијацијата на спортски обложувалници не отстапува од најавите дека ќе излезат на протести доколку измените на законот за игри на среќа бидат изгласани во предложената форма.

Тврдат дека предлог измените “ќе стават крај на легалното спортско обложување, а на улица ќе остават 3.500 вработени во обложувалниците или 8.000 луѓе во целата стопанска гранка”.

Предлогот за физичка дистанца на објектите 500 метри подалеку од образовните институции според претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници, Влатко Илијевски, ќе значи отворање на диви обложувалници, затворање на над 98% од објектите, а државата ќе загуби повеќе од 250 милиони евра колку што влегуваат во буџетот од оваа дејност.

Потсетува дека постоечкиот закон за игри на среќа строго го регулира пристапот и учеството на малолетниците во игрите на среќа.

“Согласно член 20 од Законот лицата под 18 години не можат да учествуваат во игрите на среќа“, објаснува Илиевски во интервју за Локално.

Илиевски потсетува дека во двата месеца кога заради пандемијата вратите на обложувалниците беа затворени, не е отпуштен ниту еден вработен, а платите и придонесите биле редовно исплатувани.

“Ние без задршка кажуваме дека вакво законско решение е “убиствен“ предлог кој ќе ја клекне економијата на колена. Во услови на економска криза, кога стопанството работи со преполовени капацитети и скратено работно време заради ковид мерките, ваквите експерименти се недозволиви и може да бидат многу опасни по домашната економија и вработувањата”, додава тој.

Асоцијацијата бара стопирање на целиот процес на носење на предложениот закон, вклучување на сите страни во подготовка на ново решение по европски терк и транспарентна дискусија.