
Фото: Pexels
Наместо хемиски средства, напорните комарци можат брзо да си заминат ако употребите талог од старо кафе.
Освен што се користи како ѓубриво за разни билки и како пилинг за кожа, талогот од кафето е многу ефикасен за растерување на комарци, тврди американската агенција за заштита на околината (EPA).
Комарците и останатите инсекти едноставно не можат да го поднесат мирисот на талогот кој што гори, а може да се користи и мелено кафе.
Што треба да направите
Соберете талог од кафе и ставете го на алуминиумска фолија поставена на чинија.
Оставете го на ладно и суво место додека целосно не се исуши.
Ставете ја фолијата со сувиот талог на рамна површина на отворено, каде животни и деца немаат пристап.
Запалете го талогот и оставете го да испушта чад.
Можете да го распоредите по должина и да го запалите едниот крај, а тој полека ќе гори.
Кафето е добро и за растерување на мравки. Само истурете на места каде излегуваат мравки и проблемот е решен.