Со клик до овошје и зеленчук – електронски пазар во Србија

265

Српскиот министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ, рече дека тим експерти ќе се обидат да го стават во функција електронски пазар на Србија до крајот на неделава.

Системот ќе ги поврзе продавачите, купувачите и оние кои се подготвени да испорачуваат стоки, кои сега не се достапни затоа што пазарите се затворени поради епидемијата на коронавирус.

Тој гостувајќи во утринска програма на РТС, рече дека се прави електронски пазар за цела Србија, каде производителите на овошје и зеленчук ќе може да ги понудат своите производи.

“Ако производителот има нешто да понуди, тој ќе пријави електронски. Од друга страна е побарувачката. Исто така има и дополнителна категорија, а тоа се лицата кои се подготвени да ги транспортираат производите“, рече Недимовиќ. 

Најави дека електронскиот пазар ќе биде целосно функционален до крајот на неделава.

“Тоа ќе биде една основна верзија, многу ИТ експерти работат на ова. Ние не измисливме топла вода, такви платформи постојат“, рече министерот.

Фото: Pixabay