Со кои акции најмногу се тргуваше неделава

42

Акциите на Макпетрол, Комерцијална банка, Алкалоид, Стопанска банка и Гранит се најтргувани на Македонска берза оваа недела, покажува Неделниот преглед.

Од 28-ми септември до втори октомври, прометот на берзата достигна 1.280.048 евра или 22,51% повеќе во однос на претходната недела. Пораст од 34,19% има кај вкупниот број на трансакции (365). Пазарната капитализација оваа недела се позиционираше на 3.352.006.431 евра или 0,59% повеќе во однос на претходната недела, додека денеска пазарната капитализација на котираните компании достигна 1.861.126.661 евра, што е за 6,31% повеќе во однос на минатиот петок.

Индексот МБИ 10 заврши со 4.429,26 поени или 0,66% скок во споредба со претходната недела.